Откриени информации кои ги прикажуваат карактеристиките на OnePlus 9 Pro!
Просечната цена на паметните телефони скокна за 10% во пандемијата
Индустријата за паметни телефони претрпува трансформација поради пандемијата и развојот на мобилната комуникација од петтата генерација (5G), се вели во анализата на „Контрапоинт технологија“ за глобалниот пазар на паметни телефони во вториот квартал од годината.
Во периодот април-јуни, пазарот на паметни телефони забележа најголем пад во својата историја. Продажбата падна за речиси една четвртина – 23%. Ова се должи на самоизолацијата на луѓето и привременото затворање на продавниците за мобилни телефони.

Просечната цена на паметните телефони ширум светот се зголеми за 10%. Раст е регистриран во сите региони, освен во Латинска Америка. Оваа ситуација се објаснува со формирање на сегментот на 5G уреди, чии цени беа доста високи во вториот квартал.