Телефоните ќе мерат загадување на воздухот

Телефоните ќе мерат загадување на воздухот

Истражувачи од Австрија развија најмал сензор способен за мерење на концентрацијата на наночестички во воздухот. Минијатурниот уред може да се инсталира во паметен телефон.

Според Светската здравствена организација, загадувањето на воздухот предизвикува повеќе од четири милиони предвремени смртни случаи секоја година. ПМ10 честичките со дијаметар од 10 микрометри и помали можат да навлезат во белите дробови.

Помалите ПМ2,5 честички се уште поопасни бидејќи можат да ја преминат алвеоларната-капиларна бариера во крвотокот и да предизвикаат сериозни кардиоваскуларни и респираторни заболувања.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments