1000 долари за видео игра

Нудат 1000 долари за играње видео игра

Овој помалку необичен конкурс ги изненади сите љубители на видео играта Animal Crossing: New Horizons – една компанија за споредување на цени му нуди 1000 долари на еден среќен играч.

Целта е да се одиграат 50 часа од оваа видео игра во период од 16 август до 30 септември, а сè што компанијата бара за возврат е согласност и на тестирање на брзината на интернетот, односно на испраќање податоци.

Овaа видео игра стана прилично популарна од своето објавување, а се базира на тоа што играчите во неа можат да водат „виртуелен живот”, односно да градат куќи, да склопуваат пријателства и да вдомуваат разни домашни миленици.

Условите се следни: учесникот мора да биде жител на Соединетите Американски Држави, да има најмалку 18 години и секако, да ја поседува играта “Animal Crossing: New Horizons” и „Nintendo Switch” на која би ја играл.

Рокот за пријавување е до 6 август, а играчите можат да се пријават на веб-страницата HighSpeedInternet.com.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments