17 годишниот млад сопственик на веб страница одби реклама во вредност од 8 милиони долари

17 годишниот млад сопственик на веб страница одби реклама во вредност од 8 милиони долари

17 годишниот млад сопственик на веб страницата за следење на корона вирус која има дневно 30 милиони посетители, Avi Schiffmann, ја одби рекламата во вредност од 8 милиони.

Младиот сопственик на веб страницата каде споделува најнови вести во врска со коронавирус, во едно интервју изјави дека планира понапорно да работи врз страницата и да додаде нови карактеристики.

На страницата можно е да ги видите најосновните информации кои треба да ги знаете за коронавирус. Исто така Schiffmann секој ден ја обновува страницата со податоци земени од СЗО и од официјалните веб страници на државите. Така што секој ден е можно да видите каде и колку има новодијагностицирани, оздравени и мртви.

Schiffmann изјави дека е горд поради работата која ја оствари но исто така кажа дека не сака да биде споменуван со ова дело, сака да превземе мерки за тоа луѓето да можат полесно да дојдат до информациии од СЗО. Младиот сопственик на страницата кажа дека веб страницата му го одзема целото време, исто така кажа дека понекогаш кога се случуваат некакви проблеми воопшто не спие.

Одби 8 милиони долари

Сопственикот на веб страницата која до сега е посетена од страна на 700 милиони лица, Schiffmann, изјави дека добива многу понуди за реклами како што една од нив е во вредност од 8 милиони долари, о исто така нагласи дека сите понуди за реклами ги одбива и дека главната цел му е најправилно и најдобро да ги известува луѓето. Исто така кажа дека сите блиски кои се наоѓаат во неговата околина му кажуваат дека треба да почне да прифаќа реклами, но тој не мисли така.

Дизајнот на веб страницата според Schiffmann е прекрасен и не сака со реклами да се промени дизајнот, исто така кажа дека веб страницата без реклами е многу побрза и благодарение на тоа можат и луѓе кои немаат брз интернет да ја посетуваат без никаков проблем. Schiffmann кажа дека во иднина веб страницата може да ја продаде и моментално единствената промена е додатокот за донации. Доколку кликнете тука можете да ја посетите веб страницата на Schiffmann.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments