Твит на Елон Маск кој вреди 14 милијарди долари

Еден од најбогатите луѓе во светот, директор на Tesla и SpaceX, Елон Мсск, предизвика Тесла да изгуби буџет поради твитот. Тесла изгуби 14 милијарди долари по твитот на Маск.

Елон Маск кој е еден од најбогатите луѓе на светот, пред неодамнешно време привлече внимание со твитовите за карантин. Според списокот за милијардери на Форбес, Маск има вкупен нето приход од 36,6 милијарди долари од Tesla и SpaceX. Ова богатство го прави Маск како 23-та најбогата личност во светот.

Да се има големо богатство бара големо внимание, бидејќи големата моќ носи голема одговорност. Маск, кој има 33,5 милиони следбеници на Твитер, предизвика Тесла, каде што беше извршен директор, да изгуби буџет поради еден твит.

Цената на акциите на Тесла е превисока

Тесла, која произведува електрични автомобили, доживеа една од најголемите падови во својата историја на берзата. Твитот на Елон Маск, извршен директор на компанијата, предизвика да се намали пазарната вредност на компанијата за 14 милијарди долари.

„Мислам дека цената на акциите на Тесла е превисока“ рече Елон Маск во својот твит од неговиот официјален профил на Twitter. Славниот бизнисмен, доби прашање од Wall Street Journal дали твитот е шега или не, бизнисменот на тоа прашање одговори „не“. Потоа Маск сподели уште еден твит каде рече: „ Мојата девојка е многу лута на мене“.

Пазарната вредност на Тесла која годинава покажа силно појакнување, со падот на пазарната вредност исто така предизвика и намалување на лично богатство на Елон Маск. Според профилот на Елон Маск во Форбест, неговата нето вредност се намали за 2,8 милијарди долари.

Сега знак прашалник е дали американската комисија за Хартии од вредност и Берза (СЕК) ќе воведе санкција по падот, како резултат на објавата на Маск. Во 218 година Маск беше казнет со 20 милиони долари поради твит за Тесла, исто така мораше да го напушти Претседателството на Управниот Одбор на Тесла.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *