Новиот гејмерски монитор на HP

Новиот гејмерски монитор на HP

Со својот нов гејмерски монитор Omen 27i, HP ги надминува TN-панелите користени во претходните модели на гејмерски монитори. Со Omen 27i се постигнуваат поточни бои и повисок контраст.

Иако новиот HP Omen 27i не нуди нешто што играчите претходно не го виделе и искусиле, тој вклучува хардвер што американската технолошка компанија досега не го користела на своите монитори.

Екранот од 27-инчи, со резолуција од 2560 х 1440, QHD, нано IPS, нуди многу подобра точност и контраст на бојата од TN панелите што ги користат многу од претходните монитори на HP.

Каков монитор е HP  Omen 27i

За овој нов ммонитор на HP, можеме да кажеме дека е инспириран од мониторот LG 27GL850-B. Во однос на неговите карактеристики, Omen 27i има 98% DCI-P3 спектар на бои, стапка на освежување на екранот од 165 Hz и време на реакзија  од 1 ms. Мониторот вклучува и компатибилност на NVIDIA G-Synch. На овој начин, може да се добие многу помазна слика ако се користи NTIDIA серија GTX-10 или повисока графичка картичка. 

Според вестите на The Verge, друга карактеристика на мониторот што ќе ја олесни работата на играчите е позадинското осветлување. Компанијата одбра да ги осветли DisplayPort 1.2, HDMI 2.0 и двата отвори за влез на USB 3.0 на задниот дел од мониторот.

Исто така, вкрстеното позиционирање на овие влезови на задниот дел од мониторот го олеснува постигнувањето и гледањето на влезовите. Цената на мониторот во САД за сега е 499,99 долари.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *