Започнато е производство на AirPords Studio

Започнато е производство на AirPords Studio

Според вестта објавена од страна на DigiTimes, Apple започна со производство на слушалките AirPords Studio во Виетнам. Според сите вести пристигнати до сега, слушалките ќе бидат готови до настанот WWDC 2020.

До пред некое време се зборуваше во врска со Apple за нешто што сите би го посакувале. Според овие тврдини, Apple подготвува нови безжични слушалки. Според вести кои денес ни пристигнаа, веќе е поминат процесот на развивање па дури е преминато на производство.

Според вест од пред некој месец, Apple планира да ги претстави слушалките на настанот Worldwide Developers Conference (WWDC). Поради тоа што се навикнавме да компанијата ни претстави некои уреди кои претходно не ги објави, ова не е ни многу чудесно.

Производството започна во Виетнам

Според некои вести објавени на почетокот на овој месец, Apple ќе започне со роизводство на слушалките во Виетнам. Според вестта, слушалките ќе бидат предадени на Apple јуни или јули месец. Според веста објавена на DigiTimes, производството е веќе започнато во Виетнам и се уште продолжува.

Овие слушалки кои Apple ги нарече „AirPords Studio“ за сега се познати само за iOS 14. Поради тоа што новиот оперативен систем ќе биде претставен во есенските месеци, мислиме дека слушалките иако ќе бидат претставени ова лето сепак ќе бидат пуштени во продажба заедно со новиот оперативен систем.

Тогаш што ни нудат овие нови слушалки на Apple? Според вестите објавени до сега, Apple со своите слушалки наречени AirPords Studio нуди беспрекорно и посебно искуство. Но се уште не се знае кои ќе бидат факторите кои ќе ни го доживеат ова искуство.

Според некои вести, слушалките ќе имаат систем со кој ќе одедува на кое уво е поставено. Покрај тоа, корисникот ќе може да ги прилагодува дел по дел. Секако дека не знаеме дали овие вести се точни или не, но ќе дознаеме на настанот WWDC 2020.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *