Youtuber објави колку заработува од YouTube

Youtuber објави колку заработува од YouTube

Еден 18 годишен млад дечко од Англија  кој е сопственик на YouTube канал од 139.000 субскрајбови, објави колку заработи во рок од еден месец. Дечкото кој кажа дека YouTube за него е само како бизнис, изјави дека факултетот ќе го паузира за една година се со цел да се фокусира кон неговиот канал.

Што е потребно за да се заработат пари од YouTube? Сето тоа зависи од тоа која возраст ве следи, која популација и со каква содржина се видеата. Како на пример 18 годишниот Џо Фарингтон, со својот YouTube канал од 139.000 субскрајбови наречен „Joe Fazer“, снима фитнес видеа и YouTube за него е целосна работа.

Фарингтон, почнал со снимања на видеа во 2012 година, но има отворено и други канали. 18 годишниот млад дечко изјави дека парите преку видеа ги заработува преки спонзори и реклами. Фарингтон пред да го создаде овој канал, одел на фитнес и ја споделил својата промена која била прегледана 26 милиони пати.

Пари се заработуваат преку Google AdSense

Сопствениците на YouTube канал парите ги заработуваат преку Google AdSense кој работи со „CPM стапка“.CPM исплата значи исплата рачуната по 1.000 гледаност, тоа варира од сопственик на сопственик и ниту еден создавател на видеа нема цело време иста стапка на CPM. CPM зависи од повеќе фактори: Се од тоа во кој дел од видеото се намалени гледачи па до каков вид на реклами привлекува видеото. Сите производители на видеа имаат различен вид на поставување реклама.

Пред две години Фарингтон ја објави својата промена благодарение на фитнес, изјави дека преку AdSense зарабори 8.000 долари само на ова видео. Доколку сакате да ве потсетиме, ова видео има гледаност од 26 милиони. Фарингтон кој после ова видео доби околу 60.000 претплатници, месечно заработува околу 560 долари. Младиот јутубер, изјави дека заработката му е 70% од спонзорите а 30% од YouTube. Фарингтон има долгорочен договор со најголемата англиска компанија за протеин, My Protein.

Покрај тоа изјавено е дека поради коронавирус придонесот на AdSense е драстично паднат. Фарингтон кажа дека гледаноста е дуплирана но заработката драстично падната. Фарингтон планира овој есен да го паузира факултетот и да се фокусира на својот YouTube канал.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *