Апликација која нуди заработка: Zynn

Апликација која нуди заработка: Zynn

Како што наведовме и на насловот, апликацијата која ви овозможува да заработувате се вика: „ Zynn“. Ако треба попросто да ја опишеме апликацијата, можеме да кажеме дека е копија на апликацијата која успеа во последно време да биде тренд, наречена TikTok.

Тоа ќе го приметите и вие самите откако ќе ја инсталирате апликацијата. Но принцип на работење на оваа апликација е малку поразличен. Единствено нешто што го правите е да ги гледате рекламите кои ви се понудени и да заработувате пари.

Секоја реклама ви се враќа како заработка

Како што погоре споменавме, Zynn е апликација за гледање реклами слична на TikTok. Апликацијата ја инсталирате, потоа гледајќи реклами вие си собирате поени. Добиените поени можат да се искористат за пазарување или можете да ги префрлите на вашата PayPal сметка и можете да ги земете како кеш. Така што можете од дома гледајќи реклами да заработувате пари.

Повеќето од нас го знаат логото на TikTok, на логото има спојка на буквите „Т“ и „Д“. Причината е тоа што развивачот на TikTok е Кинескиот „Douyin“. Најголем конкурент на компанијата е, развивачката компанија „Kuaishou“, истата компанија која ја разви апликацијата Zynn. Конкуренцијата на двете компании во зиминатите години, ни ја претстави оваа апликација за гледање на реклами која е копија на  TikTok.

Кој и зошто да ви даде пари?

Апликациите што експлодираат за кратко време секогаш создаваат сомнеж. Особено ако станува збор за заработка на пари.  Zynn добива пари од компаниите за кои прави реклами. Така, постои ситуација што можеме да ја наречеме „win to win“. Бидејќи тука сите заработуваат пари, и огласувачот, и тој што ја пушта рекламата и публиката што ги гледа рекламите.

1.25 долари од час плус бонуси

Според изјавите на Zynn, гледачите ќе можат да зараборуваат 1.25 долари од час. Но заработката не е толку ограничена. Развивачите изјавуваат дека некои гледачи случајно избрани ќе бидат наградени. Исто така можете да заработувате со повикување пријател. Како на пример доколку 5 пријатели ги повикате да ја користат апликацијата, ќе заработите 110 долари.

Апликацијата Zynn е сместена меѓу најпопуларните апликации веднаш по објавувањето. Дури во моментално популарност е над апликацијата TikTok. Но за сега не се знае колку ќе трае популарноста. Исто така ни укажува дека ќе ги има истите сигурносни проблеми со TikTok поради истата конфигурација.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *