Рекорден приход на App Store

Рекорден приход на App Store

Според некои невладини економисти, минатата година App Store заработи 519 милјарди долари. Иако знаеме дека Apple е компанија со големи приходи сепак сума од пола трилион е огромна за нас и доста зачудувачка.

Оваа сума од 500.000.000.000 поточно сума со 12 нули е заработката на Apple само од App Store. Оваа огромна сума е како доказ зошто Apple е светска компанија.

Целиот свет знаеше дека екосистемот на App Store е систем кој придонесува огромен приход но сепак сума од 519 милјарди долари е зачудувачка сума. Но сепак да нагласиме дека оваа сума е објавена на Analysis Group од страна на невладини економисти.

Приход од 519 милјарди долари на App Store

Откриено е дека најголем дел од приходите доаѓаат од физички и услуги од продажба (413 милиони американски долари), некои од дигитална продажба (61 милијарди долари), а остаток од рекламирање преку апликации (45 милијарди долари). Иако Android има поголем удел на пазарот за паметни телефони сепак Apple заработи повеќе со App Store отоклку Google со Play Store.

Можеме да ја припишеме причината зошто цените на продажбата се зголемија толку многу што сопствениците на iPhone имаат тенденција да трошат повеќе од сопствениците на Android. Познато е тоа дека Apple ги вклучува корисниците на својот екосистем. Така што не изгледа многу логично да се размислува околу тоа зошто Apple е прва компанија од САД која достигна приход од 1.5 трилиони долари.

Извршниот директор на Apple, Tim Cook рече: „App Store е местото каде што иновативните и сонувачите можат да ги реализираат своите идеи; со оглед на тоа што корисниците можат да најдат сигурни алатки за подобрување на нивните животи.“ Apple вели дека App Store, што го започнале во 2008 година, е најбезбеден пазар на апликации во светот. Продавницата, која е домаќин на повеќе од 2 милиони апликации, ја посетуваат половина милијарда луѓе во 175 земји секоја недела.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *