Дали ова е доказ дека ќе може да се живее на Марс

Дали е ова доказ дека ќе можеме да живееме на Марс?

Eвропската вселенска агенција објави спектакуларна снимка од кратерот на Марс кој би можел да овозможи населување на луѓе и да биде извор на вода за човечката колонија, ако таа некогаш се оформи на соседната планета. Кратерот Корољев, кој е исполнет со мраз, бил снимен од воздух.

Неверојатното видео е всушност мозаик од снимки од површината на овој кратер, направени со стерео камера со висока резолуција за да се добие 3D приказ. Кратерот се наоѓа на северниот дел на Марс и е исполнет со мраз во текот на целата година. Тој претставува природна „замка“ која спречува топење на ледот бидејќи е длабок околу два километра.

Кратерот е наречен по Сергеј Павлович Корољев, главниот советски ракетен иженер и конструктор на вселенски летала, кој е познат и како татко на руската вселенска технологија.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *