TikTok го напушта Хонгконг

Социјалната мрежа TikTok го напушта Хонгконг

Минатиот август TikTok соопшти дека привлекле 150 илјади корисници во Хонгконг.

Глобално, TikTok е инсталиран над 2 милијарди пати на мобилен, покажуваат податоците на компанијата за аналитика Sensor Tower.

Кинеската социјална мрежа TikTok за неколку дена го напушта пазарот во Хонгконг, најави портпаролот на компанијата за Reuters, а другите технолошки компании, вклучително и Facebook, го прекинаа процесирањето на владините барања за пристап до податоци во Хонгконг.

Апликацијата во сопствеништво на компанија со седиште во Кина, Byte Dense, одлучи да го напушти Хонгконг по воведувањето на законот за национална безбедност.

„Во пресрет на неодамнешните случува одлучивме да ја прекинеме операцијата на апликацијата TikTok во Хонгконг“, рекол портпаролот на TikTok.

Компанијата, која моментално ја предводи поранешниот директор на Walt Disney, Кевин Мајер, претходно порача дека податоците на корисниците на апликацијата не се зачувани во Кина.

TikTok исто така соопшти дека нема да се согласи со барањето на кинеската влада за цензурирање на пристапот на апликацијата или за пристап до податоци на корисниците на TikTok. Тие исто така додаваат дека никогаш не добиле такво барање од кинеската влада.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *