Загрозени стотици видови риби

Поради глобалното затоплување загрозени стотици видови риби

Ако климатската криза продолжи со ова темпо до 2100 година на околу 60 проценти од видовите риби би им било нарушено размножувањето, истакнуваат научниците.

Во студијата се посочува дека кога владите би се обврзале да го задржат глобалното затоплување до 1,5 степени Целзиусови бројот на загрозени видови би можел да биде многу помал односно само 10 отсто.

Поради зголемување на температурата на водите во океаните и во реките до крајот на векот ќе бидат загрозени голем број видови риби од кои зависи човештвото, се наведува во студијата објавена во Science.

Помеѓу загрозените видови се и некои од најкомерцијалните риби, како атлантскиот бакалар, алјаскиот лосос, како и рибите кои се фаворит во спортскиот риболов, како сабјарките, барикудите или речната пастрмка.

Повеќе од половината видови риби потенцијално се изложени на ризик е фрапантен податок, па затоа истакнуваме дека е важно да се преземе акција и да се исполнат политичките обврски за намалување на климатските промени и заштита на морските живеалишта, изјави германскиот биолог и еден од авторите на студијата д-р Флеминг Дахлке.

Тој додаде дека со оглед на брзината со која се загрева планетата Земја, голем број риби нема да можат да се прилагодат на промената на температурата.Околу три милијарди луѓе зависат од рибите како извор на храна.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *