Пет астероиди ќе минат покрај Земјата

Пет астероиди идната недела ќе минат покрај Земјата

Во текот на викендот покрај Земјата ќе минат два астероиди, 2021 MU1 и 2020 ML, на оддалеченост поголема од 4,3 милиони километри.

Идната недела покрај нашата планета ќе минат уште три астероиди. На 13 јули се очекува да минат 2020 KJ7, 2009 OSS и 2020 MQ, на оддалеченост од 4,5, 6,74 и 6,43 милиони километри.

Само за споредба, Месечината од Земјата е оддалечена 385.000 километри. Системот Sentry го идентификуваше астероидот 2012 HG2, кој се заканува со најблиско минување односно со најголем ризик од судир, пишува Russia Today.

Потенцијалниот судир се очекува меѓу 2052 и 2119 година.

Најрано би се случил на 12 февруари 2052 година, но шансите за тоа едноставно се премали. Дури и да биде на пат кон Земјата, најверојатно ќе согори во атмосферата.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *