Mmhmm е нова технологија на која работи компанија основана од поранешниот директор на Evernote.
Станува збор за апликација- виртуелна камера која може да се интегрира со речиси сите постоечки сервиси за стрим, од Zoom до YouTube и Google Meet. Она што го овозможува апликацијата е едноставна интеграција на презентации во видеата.
Со Mmhmm корисникот може во видеата да додаде различни табли и прозорци со дополнителна содржина, своевидни видео презентации.
Наместо како досега презентациите да се посебен екран, па учесниците во конференцијата можат да се фокусираат на целиот екран, а не само на говорникот или на презентацијата. Апликацијата дозволува и намалување и додавање на транспарентност со што ќе се овозможи полесно следење на содржината.
Апликацијата е достапна за корисниците на macOS, а најавена е и Windows верзија. Засега софтверот е во бета фаза и има листа на чекање.