Кокино започна со работа но доби нови патоказни и информациски табли

Преку добиена донација заврши проектот за подобрување на визибилноста на архео-астрономскиот локалитет Кокино

1. Маркер за месечината во денот на максималното отстапување во зимскиот период.
2. Маркер за летна долгоденица.
3. Маркер за месечината во денот на минималното отстапување (деклинација) во зимскиот период.
4. Маркер за пролетната и есенската рамнодневница.
5. Маркер за месечината во денот на минималното отстапување во летниот период.
6. Маркер за зимска кусоденица.
7. Маркер за месечината во денот на максималното отстапување во летниот перио

Архео-астрономскиот локалитет Кокино е подготвен си работа со нови табли патоказни и информациски кои значително ја олеснуваат посетата на Кокино, особено за странските туристи, кои постојано апелираа да се подобри патната сигнализација. Преку оваа донација, активен е И сајтото на КОКИНО на кој се наоѓаат основните информации за вредностите на овој локалитет и можностите за негова посета. Активирани се мобилните апликации за аудио-водење на локалитетот, додека за сите оние кои се заинтересирани за посета со водич, може да се обратат во НУ Музеј Куманово или да резервираат водич на сајтот на кокино.„Апелираме посетителите да се придржуваат до препораките за посета на локалитетот, како и до протоколите за посета утврдени со одлука на Министерството за култура. Воедно, апелираме и до месното население да не ги оштетува или уништува патоказните табли, затоа што руралниот развој преку културниот туризам е од интерес на сите нас, вели Ѓорѓиевски. 

Кокино – една од најстарите опсерватории во светот. Истражете ги древните пејсажи, седнете на троновите на старите племенски владетели и погледнете го небото низ карпестите нишани како што тоа го правеле првите набљудувачи пред илјадници години. Посетете го музејот во Куманово и погледнете ги објекти пронајдени во археолошките ископувања на и околу Кокино кои ќе ви ја раскажат приказната за градителите на опсерваторијата.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *