Робот почнува работа во ресторан во САД

Ќе прави 160 хамбургери на ден

Aмериканскиот синџир ресторани за брза храна White Castle вработи робот за приготвување хамбургери во соработка со новата роботичка компанија „Мисо Роботикс“, со седиште во Пасадена, Калифорнија, САД.

Проектот сѐ уште е експериментален и ќе се реализира само во еден ресторан, во Чикаго (Илиноис). Роботот почнува со работа вo септември годинава. Може да прави 160 сендвичи на ден.

Автоматизираниот асистент е наречен Флипи и е опремен со вештачка интелигенција. Роботот може да ја постави плескавицата како полуготов производ врз скарата за печење и да ја превртува.

Според „Мисо Роботикс“, машината работи со помош на термични сензори, со што го определува степенот на печење на плескавиците и да спречи храната да добие штетни својства.

Роботот, исто така, го сведува до минимум контактот на работникот со храната. Благодарение на вештачката интелигенција која постојано учи, роботот ќе ги прави хамбургерите секојпат сѐ подобри и подобри, а би требало и да се намали времето за подготовка.


Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *