Нарачките на PlayStation 5 ќе бидат ограничени

Eдна конзола по корисник

Нарачките на конзолата PlayStation 5 би требало да бидат ограничени на една конзола по корисник, што значи дека едно лице нема да може да купи повеќе уреди, наведува извор од официјалната PS малопродажна продавница.

Доколку и самите се упатите на оваа веб-страница, можете во вашиот прегледник да кликнете на „View source page“, да побарате PS5 и ќе ја видите следната порака:

„Можете да купите само една верзија на PS5 конзолата – Disk или Digital. Веќе сте додале една PS5 конзола во својата кошничка“, пишува во пораката.

Меѓутоа, оваа порака се уште не е истакната на официјалната PlayStation страница, но бројните извори истакнуваат дека на големо се планира правилото еден купувач – една конзола.

Иако веќе се зборува за нарачките на нова конзола, Sony се уште не извести за официјалниот датум кога PS5 ќе биде достапен за нарачки.

Можно е дека оваа информација, заедно со информацијата за цената на конзолата, ќе биде откриена на настанот на Sony во август за кој кружат бројни гласини.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *