Слушање музика преку неурочип

Новиот стартап на Elon Musk ќе може да се слуша музика преку уред во мозокот

Најновата стартап-компанија на Elon Musk „Neuralink“ се подготвува за откривање на своите производи, на 28 август. Во меѓувреме, Маск откри неколку детали за новиот неврокомпјутерски интерфејс на компанијата.

Тој на Twitter откри дека еден ден би можеле да слушаме музика директно преку таков интерфејс, без потреба од слушалки. Музиката би се пренесувала директно во мозокот.

Сè уште малку се знае за она на што работи „Neuralink“. Најмногу дознавме на презентацијата во 2019 во која компанијата покажа уред кој се врзува со мозокот преку дупки во черепот исечени со ласер.

Маск веќе размислува за поголема примена на овие уреди. Кога бил прашан дали уредите на „Neuralink“ би можеле да го симулираат лачењето на окситоцин, серотонин и други хемикалии кога е потребно, Маск одговорил потврдно.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *