Twitter: 1,000 вработени имале пристап до туѓи профили

1.000 вработени во Twitter наводно, имале пристап до туѓи профили

Twitter и FBI во овој миг ги истражуваат пропустите што им овозможија на хакери да објавуваат пораки од автентични профили, како што се оние на Џо Бајден, Бил Гејтс, Елон Маск и Мајк Блумберг.

Twitter минатата сабота соопшти дека сторителите манипулирале со мал број вработени и ги користеле нивните строго доверливи податоци со цел да се најават и да користат внатрешни алатки на 45 туѓи профили.

Двајца поранешни вработени во Twitter тврдат повеќе од илјада вработени во компанијата и компаниите со коишто таа соработува, годинава имале пристап до внатрешни алатки кои овозможуваат измени во поставките за кориснички профил, а со тоа и контрола над него.

Сѐ ова на Twitter ќе му ја отежнува одбраната од обвинувањата за одговорноста за минатонеделното хакирање.

Поранешни вработени во Twitter, запознаени со безбедносните политики и практики на компанијата, тврдат дека премногу луѓе би можеле да сторат такво нешто – над илјада само годинава, вклучително и вработени во некои други компании со коишто Тwitter соработува, како што е „Cognizant“.

Оттаму, како и Тwitter, одбија да ги коментираат овие наводи.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *