Facebook воведе нова опција

Можат апликацијата да ја користат и тие кои немаат профил

Фејсбук во четвртокот објави дека ќе покрене нова опција која на корисниците ќе им овозможи видеопозив со 50 учесници.

Корисниците можат да ги повикаат луѓето да се приклучат во „месeнџер соба“, вклучувајќи ги и тие кои немаат фејсбук профили, и да учествуваат на групни видеоповици во живо на било кој профил, страница или група на платформата, велат од оваа друштвена мрежа.

Од Фејсбук истакнуваат дека од четврток се воведува нова опција на нивната платформа која ќе биде достапна само во некои земји, а наскоро опцијата ќе се прошири во сите земји во кои се достапни месeнџер собите.

Емитувањата во живо на страниците на Фејсбук се удвоија во јуни во однос на една година порано, како резултат на зголемувањето на ваквите преноси од март кога неколку земји започнаа со воведување карантини и мерки за социјална оддалеченост.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *