Нов iMac со Intel процесор

Apple се подготвува за објава на нов iMac со Intel процесор

Еден од изворите напоменува дека Apple веќе во текот на оваа недела би можел да претстави iMac со Intel процесор.

Претходно се сугерираше дека Apple би можел да го објави својот нов компјутер во текот на WWDC 2020 конференцијата, но тоа не се случи.

Apple би можел да претстави нов iMac компјутер во текот на оваа недела. Десктоп компјутерот ќе работи на Intel процесор, а се очекува дека нема да претрпи редизајн. Два извора ги сугерираат овие информации.

Вториот извор напоменува дека нови Apple производи се подготвени за испорака. Ова го објави @L0vetodream, кој досега точно објавуваше гласини за macOS Big Sur, новиот iPhone SE телефон и iPad Pro моделите.

На Geekbench се појави iMac со 10-јадрен Intel i9 CPU и Radeon Pro 5300 GPU, што дополнително укажува на тоа дека би можел да биде објавен наскоро.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *