iMac со нови Intel процесори и SSD дискови

Apple ја објави надградбата на своите iMac компјутери

Најголема надградба секако претставува опцијата за конфигурирање на компјутерите со 10. генерација на Comet Lake Core i9 процесорот со 10 јадра, а тука се и опциите со шест или осум јадра.

Apple истакнува дека надградбата на десетјадрениот CPU донесува 65% побрзи перформанси.

Кога е во прашање GPU, уредите сега можат да имплементираат до Radeon Pro 5700XT со до 16GB VRAM.

Нема премногу дизајнерски измени и најголемата надграба е на полето на подобрување на хардверските спецификации.

SSD сега стана стандард за комплетната линија. Моделите од 27 и 21,5 инчи како стандард сега користат 256GB SSD, со тоа што 27-инчната верзија има опција за SSD диск до 8TB.

Уште едно подобрување за 27-инчниот iMac е додавањето на TrueTone за Ретина дисплеј, со опцијата за нано текстура (доплата 500 долари) за намалување на одблесокот на светлината и подобрување на читањето содржини.

Веб камерата е исто така унапредена, а сега има 1080p резолуција за подобрени видео повици. Apple го имплементираше и T2 Security Chip, кој ги подобрува FaceTime повиците.

Apple го нуди 27-инчниот iMac по цена од 1799 долари во основната верзија со Core i5 шестојадрен процесор.

Ажурираниот 21.5-инчен iMac и iMac Pro 27-инчи имаат почетни цени од 1099 и 4999 долари.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *