Активирајте Dark Mode во Windows 10 со Darker
Самиот Windows 10 оперативен систем веќе има светол и темен режим кој можете да го активирате преку менито Settings.
Aлатката Darker нуди значително поедноставни и попристапни можности. Се вдомува во системската лента со икони и ви дозволува инстантно да се префрлите на саканиот режим со само еден клик.

За многумина корисници, Dark Mode е прикриен благослов кој значително го олеснува оптоварувањето на очите, а и пружува интересна перспектива при работа.
Преку Darker можете да изберете што да се промени и во кој режим, така да постојат одредени комбинации со кои можете да експериментирате.
Девелоперите зад алатката ветуваат уште многу идни доприноси во Darker. Првата од нив би била овозможување поефикасно менување позадини.