Наместо Лондон, TikTok ја отвора својата прва канцеларија на ЕУ во Даблин

Наместо Лондон, TikTok ја отвора својата прва канцеларија на ЕУ во Даблин

TikTok најави дека ќе потроши 420 милиони евра за отворање на својот прв европски центар за податоци во Ирска,а се очекува да биде во функција до 2022 година.

Одлуката на ТикТок да го основа својот прв европски центар за податоци во Ирска што е значајна инвестиција од страна на компанијата. ByteDance кинеска компанија која е сопственик на TikTok, треба да го пресели седиштето од Пекинг во Лондон, објавија претходно медиумите.

Објавувањето доаѓа во време кога Американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ја забрани апликацијата во САД со образложение дека нејзината кинеска сопственост претставува ризик за националната безбедност. ByteDance ги негираше обвинувањата.

Сите податоци на TikTok сега се чуваат во центри во САД и Сингапур.Компанијата исто така е во преговори да го продаде своето работење во САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд на Microsoft.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *