Facebook ја отсрани групата QAnon
Facebook ја отстрани групата QAnon која броеше 200.000 членови. Содржината на групата ја сочинуваа конспирациони теории за силни власти, членови на мефиуми и останати влијателни личности во “тајна војна” против американскиот претседател Доналд Трамп.
Facebook изјави дека групата била избришана поради кршење на правилата и и политиките на социјалната мрежа. Минатиот месец QAnon беше суспендиран од други социјални мрежи. Twitter суспендираше многу профили поврзани со оваа група, а TikTok избриша повеќе објави со hashtag-от QAnon.
Членовите на групата претежно се сочинуваа од подржувач на Доналд Трамп, иако најголемата група е отстранета сепак сеуште постојат помали групи од слична категорија на Facebook.