Microsoft додаде Android апликации во Windows 10

Android апликации ќе може да се користат на Window 10

Microsoft во последните месеци сериозно работи на тоа да го направи Windows 10 значително моќен оперативен систем со вклучени опции за секого.

Овој пат, тие одлучија да им овозможат на корисниците на Windows 10 да користат Android aпликации заедно со Windows апликациите на своите компјутери. Функцијата моментално е достапна на тестерите на Windows 10.

Оваа нова функција ќе може да се стартува преку Microsoft апликацијата Your Phone. Во моментов може да се пристапи до листата на Android апликации и да се стартуваат на Windows 10 оперативниот систем. Тие ќе се отвораат во посебен прозорец, кој треба да претставува телефонот на корисникот.

Исто така е овозможено извршување на повеќе задачи со други Windows апликации со поддршка за „alt + tab“, а може и апликациите да бидат прикачени и на менито Start.

Редовните корисници на Windows 10 оперативниот систем нема да имаат пристап до оваа функција речиси до крајот на оваа година.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published.