Нашиот Сончев Систем има форма на кроасан

NASA штотуку го откри необичниот облик на нашиот Сончев Систем.

Истражувачите користеле податоци од повеќе мисии на НАСА за да ја добијат формата на магнетниот меур кој ги опкружува сите планети во нашиот систем. Овој меур изгледа чудно и воопшто не наликува на она што би го претпоставиле многумина.

Надвор од магнетниот меур, кој ги обвиткува сите планети во нашиот Сончев Систем, се наоѓа меѓуѕвезден простор. Тоа е празнината помеѓу нашиот Сончев Систем и другите планетарни системи.

Тешко е да се фотографира меурот, познат како хелиосфера, однатре. Најблиската граница до нас се наоѓа на околу 16 милијарди километри. Само две вселенски летала направени од човекот стигнале во близина на границата кога патувале надвор во меѓуѕвездениот простор.

Научниците успеале да добијат поглед во обликот на меурот однатре анализирајќи честички што летаат кон Земјата. Овие наполнети честички доаѓаат кон Земјата од далечни делови на галаксијата, но и од внатрешноста на нашиот Сончев Систем. Тие отскокнуваат од меуриот пред да стигнат до Земјата.

Разбирањето на хелиосферата и нејзиниот облик е клучно за нашето разбирање на животот на Земјата. Меурот функционира како штит за Сончевиот Систем од космички зраци кои би можеле да предизвикаат проблеми за животот на Земјата.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *