Oppo Watch конкуренција на Apple Watch

Кинески паметен часовник може му биде конкуренција на Apple Watch

Кинеската компанија Oppo претстави нов паметен часовник, кој ќе работи на Wear OS – оперативниот систем на Google.

Oppo Watch доаѓа во две димензии – 41 mm и 46 mm. Со долга форма и малку заоблени рабови, тој изгледа многу слично на Apple Watch. Сепак, со оглед на тоа што аналогните часовници се претежно со сличен кружен дизајн, Oppo има направено доволно за да биде различен.

Помалиот часовник има поврзување со Bluetooth и Wi-Fi, додека поголема верзија нуди и LTE конекција, па затоа е можно да се остваруваат повици кога корисниците ќе го остават телефонот дома.

Екранот на поголемиот модел има дијагонала од 1,9 инчи, и е заоблен на сите четири рабови. Како и помалиот часовник, и поголемиот има прилагодливи ленти кои, како што тврди компанијата, може да се заменат за само три секунди. За разлика од помалиот часовник, моделот 46 mm има керамичко куќиште.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *