Како изгледа внатрешноста на Марс?

Нови податоци покажуваат како изгледа внатрешноста на Марс

Научниците учат сè повеќе за внатрешната структура на Марс. Најново истражување открива повеќе за она што се наоѓа под површината на планетата, со што подобро ќе се разбере формирањето на планетите.

Во истражувањето првпат се одредени три граници помеѓу слоевите што се наоѓаат во внатрешноста на планетата.

Истражувањето на внатрешниот дел од планетата е комплицирано бидејќи Марс нема тектонски плочи како Земјата.

Но благодарение на оваа карактеристика, со истражувањето на внатрешноста на Марс може да се разбере минатото на планетата, како и формирањето и еволуцијата на планетите генерално.

Истражувачите користеле податоци од инструмент на НАСА поставен на роботски уред испратен на планетата неодамна. Со инструментот се мерат вибрациите што доаѓаат од внатрешноста на Марс, а податоците се користат за откривање на густината и составот.

На Земјата структурите под површината се истражуваат со анализа на земјотреси, но Марс е помалку тектонски активен, што значи дека има многу помалку потреси во споредба со Земјата.

Сепак, научниците успеале да детектираат три граници во внатрешноста на Марс. Првата граница помеѓу кората и обвивката се наоѓа на 35,4 километри под површината.

Втората граница се наоѓа во обвивката и одделува два слоја со минерали наречени оливин и вадслит. Оваа граница се наоѓа на околу 1.110 до 1.170 километри под површината.

Последната граница ги разделува обвивката и јадрото и се наоѓа на длабочина од 1.520 до 1.560 километри под површината.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *