Мистериозен објект откриен кај Антарктикот

Откриен мистериозен објект кај антарктикот

Сликата е објавена на еден „Јутјуб“ канал и веднаш предизвика внимание. Кога снимката била префрлена на 3Д мод, не може да се негира дека објектот наликува на голем брод.

На социјалните мрежи се коментира откритието на еден од корисниците на „Гугл ерт“, кој во близина на брегот на Антарктикот открил замрзната структура која потсетува на вистински крузер.

Откритието покренало лавина коментари за тоа што всушност се крие на заледениот континент, од тајните нацистички бази, мистериозни цивилизации до вонземјани.

„Јасно се забележува неговата линија. Должината на бродот е околу 120 метри и лежи далеку од брегот на Антаркиткот“, е наведено на каналот.

Поединци се убедени дека бродот завршил на оваа локација, откако заглавил на местото, за кое се смета дека потсетува на мистериозниот Бермудски триаголник.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *