Претставен Redmi G гејминг лаптоп

Redmi претстави нов достапен гејминг лаптоп

Redmi претстави нов достапен гејминг лаптоп, под името Redmi G. Лаптопот пристигнува со почетна цена од околу 760 долари и оди до 1000 долари, а сето тоа без компромиси кога се во прашање хардверските спецификации.

Redmi G има 16.1-инчен дисплеј со тенки рамки, што компанијата ја примора веб-камерата да ја смести во долната рамка. Панелот поддржува 144Hz стапка на освежување, има 1080p резолуција и поддржува 100% sRGB спектар на бои.

Сето ова го покренува Intel Core i5-10200H процесорот, со Nvidia GeForce GTX 1650 GPU, што е најслабата можна конфигурација.

Тука е и опцијата со Core i5-10300H CPU и GTX 1650 Ti GPU, по цена од околу 900 долари. За уште околу 100 долари повеќе се добива Core i7-10750H и GTX 1650 Ti.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published.