Apple спрема Watch SE модел

За следната година наводно го спремаат Apple Watch SE

Повеќето мобилни компании во вториот квартал бележеа минуси, но Apple реализираше раст од продажбата на своите телефони, најмногу на крилата на големата побарувачка за моделот SE.

За следната година така наводно го спремаат Apple Watch SE на кој би требало да применат слична тактика, како и со телефоните.

Поевтиниот часовник би требало да биде базиран на моделот Apple Watch 3, но со најновиот процесор (S6) ќе го придвижува Apple Watch 6. Таквиот модел ќе се продава за иста цена (199 долари) по којашто се продава и денес моделот 3.

SE моделот во продажба може да се очекува само во една големина (42мм) и две верзии – класична за поврзување преку WiFi и Bluetooth и во верзија со поддршка и за мобилни мрежи.

Од останатите опции претстојниот часовник би требало да има и 16GB меморија, но, се разбира, не и сите напредни опции како и најскапиот модел.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *