Honor ќе ја претстави Hunter серијата гејминг лаптопи
Honor Hunter серијата е најавена преку тизери на Weibo социјалната мрежа. Нешто претходно, официјален претставник на Honor истакна дека првиот гејминг лаптоп на компанијата ќе има одлични можности за спроведување на топлината.
Honor е подготвен да ја претстави новата серија гејминг лаптопи, под името Hunter. Компанијата сега го прикажа логото на серијата, а Hunter ќе биде официјалното име на брендот на овие гејминг модели.
Засега нема премногу информации за Hunter лаптопите. Истакнато е дека ќе биде значајно потенок од што се очекувало. Повеќе информации за Honor Hunter серијата лаптопи се очекува како што се приближуваме до нејзината објава.