Instagram пронајде ново место за реклами на вашиот fee
Instagram пронајде ново место за реклами на крајот на вашиот feed. Апликацијата во сопственост на Facebook воведе нова функција што ќе ги алармира корисниците кога тие ќе “изскролаат” целата нова содржина, со порака која гласи: “You’re All Caught Up”. После оваа порака, корисниците ќе имаат можност да разгледуваат содржина од други профили како и реклами.
Оваа иновација е дел од поголема програма на Facebook и Instagram и е воведена со цел корисниците да поминуваат помал дел од нивното време на социјалните мрежи, како и да се спречи зависност од истите.
Еден од најголемите ривали на Facebook, TikTok, беше критинуван поради неговите напредни алгоритми со кој им овозможуваше на неговите корсници да поминуваат повеќе време на апликацијата и со тоа создавање на зависност од неа.