Најстарата панда во светот го прослави 38-от роденден со прилагодена торта

Најстарата панда во светот го прослави 38-от роденден  со прилагодена торта

Таа беше донесена во зоолошката градина Чонгкинг на една година и е матријарх на огромно семејство со 153 панди до крајот на минатата година.

Најстарата згрижена панда во светот, која живее во Зоолошката градина во мегалополисот Чонгчинг, Кина, вчера наполни 38 години. По тој повод е направена голема прослава, со огромна овошна торта, каква што таа обожава.

Синсинг е најстарата џиновска панда денес,која се чува во зоолошка градина во светот. Има 38 години, што е еднакво на нешто повеќе од 100 човечки години. Според медиумите, таа се чувствува одлично.

Претставниците на Зоолошката градина во Чонгчинг велат дека пандата е во одлично здравје и тежи 98 килограми. За неа се грижат двајца вработени кои постојано го следат нејзиното здравје.Животното било донесено во Зоолошката кога имало една година. Нејзиното потомство се шири низ Кина и во други земји и региони,вклучувајќи ги САД, Канада и Јапонија.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *