Се создаде нова галаксија

Телескопот на NASA сними создавање на нова галаксија

Вселенскиот телескоп Hubble на NASA неодамна ја сними ексцентрично обликуваната галаксија NGC 1614, која се распадна со раѓањето на нови sвезди.

NGC 1614 е околу 200 милиони светлосни години оддалечена од Земјата и се наоѓа во соѕвездието Ериданус. Ериданус е шесто по големина од 88 модерни и едно од 48 соѕвездии на Птоломеј, и го носи името според античкото име за реката По.

Оваа галаксија со посебен изглед е интересна затоа што е формирана како резултат на спојување на две други галаксии, при што процесот сè уште трае.

Овој космички судир предизвика порој на турбулентни струи на меѓуѕвезден гас што тече од јадрото на помала галаксија во јадрото на поголемата, создавајќи огнен елемент во рамките на кој се формираат нови sвезди.

NGC 1614 е втора најсјајна галаксија во 250 милиони светлосни години.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *