Elon Musk повторно се запиша во историјата

Една иста ракета ја искористи 6 пати

Во рамките на лансирањето во ниската земјина орбита се испратени 58 сателити на Starlink, кои треба да им се придружат на стотиците кои се испратени претходно за да се создаде една мрежа на сателитски интернет.

Освен сателитите на Starlink, на ракетата Falcon кон вселената полетале и три сателити SkySat за приватната компанија Planet, која ќе прави фотографии од Земјата.

Американската компанија SpaceX, основана од иноваторот Elon Musk, годинава бележи успех по успех.

Меѓу последните историски достигнувања на компанијата се лансирањето на 11-тата мисија на сателитите Starlink, 100-тото лансирање на некоја ракета во склоп на SpaceX и лансирање на една иста ракета по шести пат.

Тоа е уште еден чекор кон остварување на целта која си ја зададе шефот на SpaceX, Elon Musk – дека речиси секој дел од една ракета може да се користи и по неколку пати за различни лансирања.

Tоа значително би ги намалило трошоците за летови во вселената и би ги направило попристапни и за малите компании, но и за обичните граѓани.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published.