Huawei ќе го претстави првиот десктоп компјутер

Новиот компјутер на Huawei ќе го произведува Foxconn

Наскоро во Кина Huawei има во план да го претстави својот прв десктоп компјутер, кој ќе добие генеричко име Qingyun W510.

Huawei за деловна примена го подготвува својор прв десктоп компјутер, што ќе се темели на 24-јадрен и 7-нанометарски Kupeng 920 процесор.

Новиот компјутер на Huawei ќе го произведува Foxconn, a во продажба судејќи според рендерите ќе се појави заедно со монитор, глувче и тастатура. Станува збор за компјутер кој ќе се користи за работа и е наменет за употреба во тамошните државни служби, како и во приватните компании.

На него нема да може да се инсталира Windows, туку само локалниот оперативен систем UOS.

Уредот се очекува наскоро да се појави на пазарот, иако се уште нема официјален датум.

Компјутерот ќе се базира на 7-нанометарски Kupeng 920 3211K процесор со 24 процесорски јадра со такт од 2,6 GHz кои нема да може да се менуваат. Куќиштето е компактно и содржи 3 USB портови.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published.