Земјата од 1994 изгубила 28 трилиони тони мраз

Зачудувачко количество на загубен мраз

Научниците посочуваат дека топењето на мразот во овие количества сериозно ја намалува можноста Земјата да го одбие сончевото зрачење назад во вселената.

Мразот исчезнува, а морето или земјата под него апсорбираат се повеќе топлина, со што се зголемува затоплувањето на планетата.

Од 1994 година од површината на Земјата се изгубени вкупно 28 трилиони тони мраз, а до овие податоци дојдоа британските научници кои користеле сателити за да ја истражат површината на Земјата.

Ова количество на загубен мраз научниците од универзитетите во Лидс, Единбург и Лондон го опишаа како зачудувачко.

-Доколку глечерите и ледените плочи продолжат да се топат со ова темпо, секој сантиметар раст на нивото на морето ќе значи околу еден милион луѓе да бидат раселени од нивните домови, објасни професорот Енди Сефард од Универзитетот во Лидс.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published.