Кометата Neowise преживеала блиска средба со Сонцето

Кометата првпат беше забележана овој март

По 6.800 години нашите потомци, доколку сè уште живеат на Земјата, може да очекуваат повторна посета на кометата Neowise. Оваа комета со ширина од 5 километри се чини дека го преживеала неодамнешното патување околу Сонцето.

Ова беше откриено благодарение на нова фотографија направена одблизу, со помош на вселенскиот телескоп Hubble. Нејзиното цврсто јадро останува недопрено, укажувајќи на потенцијално враќање по илјадници години.

Кометата првпат беше забележана овој март. Се смета дека е најсветлата комета што се гледаше од северната хемисфера уште од кометата Хејл-Боп во 1997 година.

Neowise беше видлива со голо око од почетокот на јули до средината на август, а на 3 јули стигна до најблиската точка до Сонцето, достигнувајќи 43 милиони километри во орбитата на Меркур.

Сега, кометата оди кон надворешниот дел на Сончевиот Систем со 60 километри во секунда.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *