TikTok за прв пат објави податоци за бројот на корисници

TikTok за прв пат објави податоци за бројот на корисници

За прв пат се познати податоци во врска со бројот на корисници на сега добро познатата кинеска апликација за кратки видеа TikTok.И ова благодарение на документите што ByteDance ги достави до судот. Благодарение на овие документи, можно е да се извлечат приближни податоци за бројот на корисници на глобалниот и на американскиот пазар (особено поради тековните забрани на тој пазар).

Во јули TikTok имаше речиси 690 милиони месечно активни корисници, од кои повеќе од 100 милиони месечни активни корисници на американскиот пазар.

За споредба за тоа како се зголемува самата апликација, вреди да се спомене дека во јануари 2018 година имало 55 милиони месечни активни корисници ширум светот и 11 милиони на американскиот пазар.

Самата апликација TikTok е преземена повеќе од 2 милијарди пати, успех со кој можат да се пофалат само постарите и попопуларните социјални мрежи.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *