Windows 95: 25 години подоцна (ВИДЕО)

Windows 95: 25 години подоцна (ВИДЕО)

Microsoft слави 25-годишнина од постоењето на Windows 95 и покажува како го смени интерфејсот на оперативниот систем за ова време (ВИДЕО).

На 24 август оперативниот оперативниот систем Windows 95 наполни 25 години. Прв воведен во 1995 година, Windows 95 претрпе многу ажурирања за да дојде до денешната верзија на Windows 10.

Microsoft ја слави својата годишнина со кратко видео кое ги илустрира промените во најчестиот оперативен систем. Во првите недели по објавувањето на Windows 95, над 7 милиони копии од оперативниот систем беа официјално продадени.

Видеото, долго 38 секунди, ја демонстрира трансформацијата на оригиналното сиво копче на менито „Start“, како и омилената икона за ѓубре. Прикажан е и процесот на трансформација на логото на знамето на Windows во четири сини квадрати.

За ситурно можеме да кажеме дека многу од идеите и алатките воведени во Windows 95 сè уште се користат и денес.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published.