Elon Musk претстави имплант за во мозокот

Elon Musk демонстрираше демо верзија на својот најнов технолошки изум

Elon Musk демонстрираше демо верзија на својот најнов технолошки изум – имплант за во мозок. Но, тој не го тестирал на луѓе, туку демонстрацијата ја извршил врз свињи.

За време на преносот во живо, Musk претстави три свињи: едната во која нема имплант произведен од неговата компанија Neuralink, едната во која имплантантот бил всаден во минатото и подоцна е отстранет и Гертруда, свиња која во моментов има прототип на уредот.

Тој објасни како експертите го вметнале имплантот во Гертруда пред два месеци и дека тој бил поврзан со невроните во нејзината муцка. Кога Гертруда ќе допре нешто со својата муцка, се активирале електрични импулси во мозокот, кои во имплантот регистрираат повеќе од 1000 електроди.

Musk објави во 2019 година дека неговиот невротехнолошки старт, Neuralink, планира да започне да имплантира уреди во човечкиот мозок веќе следната година со цел да се постигне „симбиоза со вештачката интелигенција“.

Основачот на SpaceX верува дека таков систем може да се користи за лекување на невродегенеративни болести, како што се Алцхајмерова или Паркинсонова болест, и на крајот може да ги „зачува и подобри“ нашите функции на мозокот или да им обезбеди на корисниците некаква форма на телепатија.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *