Откриен е дизајнот на Huawei Watch Fit

Официјалните фотографии го откриваат дизајнот на паметниот часовник

Дисплеите на повеќето паметни часовници се или кружни или квадратни. Huawei планира да го промени овој тренд со својот нов модел Watch Fit.

Новиот часовник ќе користи правоаголен дисплеј, што ќе донесе многу други придобивки за уредот.

Huawei Watch Fit ќе има 1,64-инчен AMOLED дисплеј со малку заоблени рабови на четирите агли. Куќиштето на часовникот ќе биде изработено од пластика, со само едно копче настрана.

Ќе биде достапен во три бои и избор од четири силиконски ремени.

Watch Fit го користи оперативниот систем Lite OS на Huawei. Официјалните податоци не го споменуваат процесорот, но според GSM Arena најверојатно станува збор за Кирин А1.

Моделот има многу опции. Овие вклучуваат прилагодување на дизајнот на интерфејсот, како и функција за препознавање на фитнес вежби и тренинзи.

Часовникот има и многу сензори. Меѓу нив е SpO2, сензор за отчукување на срцето, GPS и многу повеќе. Тој може да ја анализира менструацијата, да препорача вежби за намалување на стресот и да ги следи фазите и, соодветно, квалитетот на спиењето.

Oфицијалните податоци за уредот се очекува да бидат презентирани на 3 септември годинава, кога ќе биде објавена неговата цена.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *