Операцијата била насочена на PeaceData
Операцијата била насочена на PeaceData, која тврди дека е непрофитен информативен вебсајт на англиски и арапски јазик.
Компанијата соопшти дека онлајн кампањата била поврзана со руската Агенција за интернет истражување (Internet Research Agency – IRA), организација блиска до руската Влада која се сомничи за мешање во претседателските избори во САД во 2016 година.
Twitter исто така суспендиралe пет профили од истата мрежа.

И Facebook и Twitter соопштија дека онлајн кампањата постигнала многу ограничен успех. Едната укината страница имала околу 14.000 следбеници, а друга едвај 200.
Нивното дејство било прекинато пред да почнат да остваруваат релевантно влијание. Страниците биле водени од лажни профили, а на вебсајтот пишувале непостоечки автори.
Веста следи само два месеца пред претседателските избори во САД на кои ќе се соочат актуелниот претседател Доналд Трамп и демократскиот кандидат Џо Бајден.
Операцијата била спроведена во соработка со работната група Foreign Influence Task Force на FBI.