NVIDIA ги објави видео картичките RTX 3090, RTX 3080 и RTX 3070

NVIDIA ја претстави новата генерација на RTX 30

Трите нови модели ја користат архитектурата Ampere и се нарекуваат RTX 3090, RTX 3080 и RTX 3070.

RTX 3090 ќе биде лидер во опсегот.

Ветува 50% повисоки перформанси од неговиот претходник Titan RTX. Според NVIDIA, новата картичка ќе може да се справи со резолуција од 8K на 60 fps за „многу од врвните игри“.

Картичката користи 24 GB меморија GDDR6X, што е побрза од Titan RTX.

RTX 3090 ќе чини 1499 американски долари. Ќе излезе на 24 септември оваа година.

Втората картичка е RTX 3080. Ветува двојно подобри перформанси од претходникот RTX 2080.

Kористи 10 GB меморија GDDR6X, која работи со 19Gbps. Според Nvidia, картичката лесно ќе управува со 4K видео со 60 fps. Чини 699 долари, а продажбата започнува на 17 септември.

Третата картичка е RTX 3070. Nvidia вели дека ќе биде побрза од RTX 2080 Ti и ќе биде 60% побрза од претходникот RTX 2070.

Овој модел користи 8 GB GDDR6 меморија. Ќе може да се справува со игри со резолуции од 1440p и 4K. Цената на овој модел ќе биде 499 американски долари, на пазарот во октомври.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published.