Microsoft лансира нова технологија за детектирање на Deepfake

Microsoft лансира нова технологија за детектирање на Deepfake

Microsoft во Вторникот објави дека ќе лансира нова технологија наречена Microsoft Video Authenticator, алатка која помага да се забележат видеа кои биле манипулирани од страна на deepfake технологијата.

Deepfake се обично видеа кој биле изменети користејќи AI софтвер, често за замена на лице на одредена личност со некое друго лице, или пак за да се смени движењето на устата на одредена личност за да изгледа дека тој кажува нешто што всушност никогаш не го кажал.

Компанијата изјави дека очекува deepfake да стане пософистицирана и се потешка за препознавање, но се надеваат дека новата технологија ќе успее да ги детектира манипулираните видео содржини.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published.