Новата серија на лаптопи на Alienware

Пристигнуваат со 350Hz дисплеи

Освежувањето на дисплеите од 360Hz е идеално за e-sports професионалците и натпреварувачки настреоените гејмери.

Ова претставува значаен чекор напред во однос на стандардните стапки на освежување на гејминг мониторите, кои досега изнесуваа до 240Hz.

Alienware ја примени технологијата на освежување од 360Hz на своите најнови и најмоќни лаптопи. 

Alienware Area-51m R2 и m17 R3 ќе поддржуваат 360Hz FHD панели, овозможувајќи им e-sports карактеристики на гејмерите во движење.

Area-51m R2 ја користи десеттата генерација на Intel Core i9 процесори и Nvidia GeForce RTX графички картички, додека m17 R3 моделот работи на Intel Core H и HK сериите процесори од десеттата генерација.

Alienware е една од првите компании што ќе нуди лаптопи со 360Hz стапка на освежување.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published.