Qualcomm го носи 5G на буџетските телефони со новите чипови Snapdragon од 4та серија
5G конечно почнува да се прилагодува во јавноста во 2020. Се повеќе и повеќе смартфони ја додаваат оваа спецификација. Сега гледаме како Qulacomm објави дека планира да го донесе 5G-то и на поефтините телефони со 4тата генерација на Snapdragon чипови. Овие чипови се очекува да пристигнат на почетокот на 2021.
„Qualcomm продолжува да го отвара патот на 5G технологијата и нејзина комерцијализација. Со новите чипови на Snapdragon се очекува да се опфатат околу 3 милијарди смартфони. Ова ќе им допринесе на корисниците кој сакаат да ја користат услугата на 5G“ – изјави претседателот на Qualcomm Inc, Cristiano Amon.